09. 12. 2020.
PIN TV Conference
ПИН ТВ е хибридна верзија на веќе постоечката ПИН музичка конференција, која традиционално се одржува во Скопје, секој последен викенд од ноември.
ПИН ТВ е хибридна верзија на веќе постоечката ПИН музичка конференција, која традиционално се одржува во Скопје, секој последен викенд од ноември. Во изминатите години конференцијата
прерасна во релевантен настан за размена и едукација во доменот на музичката индустрија, а како дел од Таксират Фестивал, досега беше домаќин на повеќе од стотина нови музички таленти од Европа и светот.
Форматот на ПИН ТВ е лесен и динамичен, без долги панел дискусии и со многу едукативни и забавни содржини кои се спакувани во рамки помеѓу 5 и 15 минути. Низ програмата ќе не води ИДА ПРЕСТЕР (ТВ хост/пејачка) која ќе најави повеќе од 50 содржини, започнувајќи од 11 часот
наутро, па се до полноќ во недела, 13 Декември, на третиот канал на Македонската Радио Телевизија. Програмата истовремено ќе се емитува онлајн, на официјалниот Youtube канал на Таксират Фестивал, како и на Фејсбук страниците на ПИН конференција и Таксират Фестивал.
Повеќе од 40-тина партнери, фестивали, артисти, промотери и издавачки куќи ќе ја емитуваат премиерата на ПИН ТВ низ Европа.
Ексклузивно за ПИН ТВ, 20 домашни и странски артисти изработија свои концерти, од кои секој час ќе се емитува дел, а комплетните нивни концерти ќе бидат емитувани во текот на цел месец Декември. Учесници: MOLCHAT DOMA (BY); DJAIKOVSKI (MK); ATNA (DE); FULU MIZIKI (CG); ALEXIA C
(GR); BERNAYS PROPAGANDA (MK); BOHEMIAN CRISTAL INSTRUMENT (CZ); CHE SUDAKA (ES); VYDRAPENA BUZIRKA PUNK SYSTEM (SK); SUPERHIKS (MK); SHELTER BOY (DE); GUACAYO (DE); DZAMBO AGUSEVI ORCHESTRA (MK); YON IDY(MK); TOKA SHITET(MK); FUNKY FRESH (MK); ANTONIE VESKOVSKI
(MK); LJUBOJNA (MK), PERIJA (MK); CROOK THE KID (CA), CUT YOUR NIPPLE (MK).
На ПИН ТВ ќе се дискутира на најважните теми во музиката индустрија - БЕН ЧАЛИС (Glastonbury | Велика Британија) нè води низ сложената врска помеѓу фестивалската асоцијација YOUROPE и агенциите на најголемите артисти. АЛЕКС ХАРДИ (Paradigm Agency | Велика Британија), Беки Суџен (X-Ray | Велика Британија), АНДЕРС ВАХРЕН ( Roskilde | Данска), ЕДМОНД ЛЕНАРТ (Electric Castle | Романија), СТИВ ЗАП (ITB | Велика Британија), со своја страна на приказната во врска со новата рамка што ги дефинира
хонорарите за уметниците и идните фестивалски програми, МИКЕЛА МАГАШ (Music Tech Fest | Шведска), нè води во големиот непознат свет на иновации и музичка технологија, заедно со CJ CARR (Dadabots | САД) како чудо од дете кое со помош на вештачката интелигенција игра со разни
музички алатки.
Многу земји ги приближија промоторите заедно, па КОДРУТА ВУЛКУ (Artmania | Романија), МИТЈА ПРЕЗЕЉ (GizKos | Словенија), МАРТИН СТОЈАНОВ (Loud Concerts | Бугарија), ќе ја споделат својата локална позиција како индустрија и односот на надлежните органи кон истата.
Како Европа делува врз креативните индустрии ќе дознаеме директно од ВОЛТЕР ЗАМПИЕРИ и ФИОНА ДЕУС ФРАНДИ (Европска комисија) и како локалните сцени го зајакнаа своето национално тло со помош на нивните музички експорт бироа (Норвешка, Австралија, Исланд, Естонија, Полска, Австрија, Грција, Италија, Франција..)
На другата страна на нивните добро познати кариери, зборуваме со КРИС ЕКМАН (Glitterbeat Records / САД/ Словенија), БИЛ ГОУЛД (Faith no more | САД), ДАРКО ПЕРИЧ (La Casa de Papel), ТАНА ДАГЛАС (First Female Rodie | Велика Британија), МАРТИН ДРУСТ (St. Pauli | Германија) , а за проблематиката “Безбедност на јавни настани”, како и актуелните и идни мерки за публика ќе зборуваат – КРИС КЕМП (MOM | Велика Британија), МОРТЕН ТЕРКИЛДСЕН (Roskilde | Данска), Дарко Флего (SKY Music | Србија), МИХАЛ СЛАДЕК (Pohoda | Словачка). Зошто на Youtube му е потребен превод и важноста на истиот за отворање нови пазари за
уметниците, директно од Њујорк со РОБЕРТ СИНГЕРМАН (LYRICFIND | САД), а за тоа каква е работата на музички супервизор и каков е процесот на лиценцирање ќе ни долови КОНИ ФАР (THINK SYNC | Велика Британија).
Големата љубовна врска помеѓу фестивалите и туризмот, со некои од најблагородните проекти што ги поврзуваат овие две точки: РУД БЕРЕНДС (Eurosonic Noorderslag | Холандија), АЛЕСАНДРА ДИ КАРО (Butik | Италија), Питер Смид (Поранешен ESNS | Холандија), ВЕДРАН МЕНИГА (Pozitivan
Ritam | Хрватска), РЕМИ БРУГМАН (Montreux Jazz Festival | Швајцарија), ЗЛАТАНА ПАВЛОВИЌ (Lovefest | Србија).
Што е одржливо во овие неодржливи околности? Искрена анализа на настаните со НИК ХОБС (Charmenko | Турција), ФРУЖИНА ЗЕП (GOODLIVE | Германија), АЛЕКС СТИВЕНС (DOUR Festival | Белгија), МАЈА СТАРЧЕВИЌ (EXIT Festival | Србија), КЛЕР ОНИЛ (A Greener Festival | Велика Британија), АКОС ДОМИНУС (Sziget Festival | Унгарија) и како сите ние се впуштивме во дигиталниот свет од ДАРИО ДРАСТАТА (Impala / Runda | Хрватска), БРАНКО КОМЉЕНОВИЌ (Menart| КРО), НИКОЛА ЈОВАНОВИЌ (Runda | РС) , Џенифер Масет (Spotify | САД).
Ова се предизвикувачки времиња за сите области во музичката индустрија, вклучително и PR-от, па повеќе за тоа ќе ни раскажат NIKKI MCNEILL (Global Publicity | Велика Британија), ANDRAS BERTA (EXIT Festival), ГИДЕОН ГОТФРИД (POLLSTAR | Германија), АЛЕКС ХАРТЕЛ (Summer Breeze |
Германија).
Што бара Папата во бекстејџ, како ТикТок сега е дел од која било музичка кариера, со кои бендови растел Хелсинки од Каса де Папел и уште многу содржини за музичари и анти-музичари спакувани во 13 часа. Гледајте ПИН ТВ во недела, на МРТ 3 и онлајн на официјалните Фејсбук и Јутуб канали
на Таксират Фестивал и Пин музичката конференција.